УНЕСКО денеска гласа за Охрид да биде ставен на листата на загрозено културно наследство

На 43-та сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, денеска ќе се гласа за предлогот Охрид да биде ставен на листата на загорзено светско културно наследство.

На дебатата во рамки на сесијата, на која се дискутира и за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион, Адеми пред два дена побарал дополнителен рок до февруари 2020, за Владата да може да ги исполни сите препораки од УНЕСКО.

Во отсуство на официјална информација, дел од македонските медиуми објавија дека на 43-та сесија на Комитетот на УНЕСКО е донесена одлука февруари в огодина да биде рокот до кога Охрид и државата ќе ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, со што Охридскиот Регион засега нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот