УНЕСКО денеска гласа за Охрид да биде ставен на листата на загрозено културно наследство – Слободен печат
ВестиМакедонија

УНЕСКО денеска гласа за Охрид да биде ставен на листата на загрозено културно наследство

На дебатата во рамки на сесијата, на која се дискутира и за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион, Адеми пред два дена побарал дополнителен рок до февруари 2020

На 43-та сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, денеска ќе се гласа за предлогот Охрид да биде ставен на листата на загорзено светско културно наследство.

На дебатата во рамки на сесијата, на која се дискутира и за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион, Адеми пред два дена побарал дополнителен рок до февруари 2020, за Владата да може да ги исполни сите препораки од УНЕСКО.

Во отсуство на официјална информација, дел од македонските медиуми објавија дека на 43-та сесија на Комитетот на УНЕСКО е донесена одлука февруари в огодина да биде рокот до кога Охрид и државата ќе ги спроведат препораките за заштита на природните богатства, со што Охридскиот Регион засега нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close