Унапредувањето на билатералната соработка и попрецизно таргетирање на помошта – теми на средбата Димитров – Савада

Никола Димитров
Никола Димитров / Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Северна Македонија, Хиронори Савада, со акцент во разговорите на можностите за понатамошно унапредување на билатералната соработка и колку е можно попрецизно таргетирање на помошта за постигнување подобри резултати.​

Како што соопшти СЕП, Димитров истакнал дека Јапонија е наш голем поддржувач како на економски така и на политички план, традиционален пријател кој од осамостојувањето досега за Северна Македонија обезбедува значителна поддршка преку Официјалната развојна помош на Јапонија.

– Последната грантова поддршка  во висина од околу 813 илјади евра како итна помош за здравствените институции кои се справуваат со ковид-19 е само уште еден доказ за исклучителната билатерална соработка, но и показател за солидарноста како вредност бидејќи помошта значително ќе придонесе за олеснувње на работата на многу здравствени работници, посочи Димитров, додавајќи дека Владата ќе преземе чекори за  одржливост на резултатите од поддршката.

Во таа насока, се наведува, на 22 јануари оваа година беше одржан првиот состанок на Комитетот за проекти и уште еднаш беа потврдени динамиката на имплементација, постапките и списокот на опрема која ќе биде донирана. Очекувањата се за неколку месеци опремата да биде испорачана и многу скоро потоа ставена во употреба.

Од јапонска страна, пак, се посочува, беа поздравени постигнувањата на Владата во контекст на членството на НАТО и беше изразена поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија.

Вицепремиерот Димитров на амбасадорот Савада му посака успех во работата во текот на неговиот мандат, заблагодарувајќи се на јапонската Влада за континуираната поддршка и помош коишто придонесуваат за продлабочување на билатералните односи, стои во соопштението.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот