Унаи Емери е нов тренер на Виљареал

фото: villarrealcf.es

Сезонава во најсилното шпанско првенство екипата на Виљареал го освои петтото место со 60 бодови и на тој начин обезбеди место во групите на Лига Европа.

Денеска Виљареал го промовираше својот нов тренер, Унаи Емери кој ќе го води клубот во наредните три години.

Досега клупата ја водеше Хавиер Каљехо кој соработуваше една и пол година.

Во својата тренерска кариера 48-годишниот тренер Емери претходно ги водеше Арсенал, ПСЖ, Севиља, Спартак Москва, Валенсија, Алмерија и Лорка Депортива.

Со Севиља успеа трипати по ред да ја освои Лига Европа, во истото натпреварување лани беше финалист со Арсенал, а со париските „светци“ во Франција се закити со една титула во „Лига 1“, и по два трофеи во Купот, Лига купот на Франција и „Трофејот на шампионите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот