Умтити во летниот преоден рок им ги искина нервите на сите Барселона, па сега сака да си оди

фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Францускиот дефанзивец Самуел Умтити сака да го раскине договорот со Барселона за да може како слободен играч во зимскиот преоден рок да си најде нов клуб.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, јасно му стави до знаење на Умтити дека не смета на неговите услуги по што дефанзивецот побара состанок со управата надевајќи се дека ќе му озвоможи уште во јануари идната година да си замине од „Камп Ноу“.

Се очекува, управата на чело со претседателот Жоан Лапорта да му дозволи на Умтити да си замине во јануари бидејќи екипата се наоѓа во голема финансиска криза и сака да се реши од сите фудбалери кои имаат големи плати, а не се во прв план како што е случај со Умтити.

Челниците на Барселона уште во летниот преоден рок му нудеа на Умтити да си замине од Барселона, дури беа подготвени да го пуштат без обесштетување, само за да го растеретат буџетот за плати и да потпишат нов договор со Лионел Меси. Но Умтити тогаш велеше дека сака да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за место во првиот тим. Згора на тоа, одби да му биде намалена платата за оваа сезона.

Доколку добие зелено светло да си замине, следна дестинација на Умтити се очекува да биде Серија А од каде сериозен интерес за неговите услови пројавуваат Милан и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот