УМРЕЛ ТИНЕЈЏЕР ОД ТАЈЛАНД: Не престанал да игра на компјутер, татко му го нашол на под (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Тинејџер од Тајланд умрел при целодневно играње на игри на својот компјутер, за време на школскиот распуст, јавува Дејли Мејл.

Пијават Харикун (17) завршил со училиште на крајот на октомври, а слободното време го искористил за играње на видео игри на компјутерот во својата соба.

Родителите велат дека тој знаел да остане буден цела ноќ, а за време на денот само ги повлекувал завесите и продолжувал да игра. Тие би му однеле храна во собата и би го молеле да престане, но тој не сакал да престане да игра игри.

Таткото на детето, Џаранвит влегов во собата на својот син во понеделникот попладнето и го затекнал како тој лежи на подот. Тој рекол дека пробал да го оживее својот син, но тој веќе бил мртов.

Обдукцијата покажала дека тинејџерот умрел од мозочен удар, за кој веруваат дека е предизвикан од непрестано играње на компјутерот за време на целата ноќ.

Џаранвит признал дека неговиот син бил зависник од игри и ги предупредил останатите родители да не им дозволат на своите деца да станат зависници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот