Умит Каран се врати на клупата на Шкупи: Имаме шампионски тим

фото: ФК Шкупи

Поранешниот турски репрезентативец, Умит Каран, повторно седна на клупата на Шкупи. Каран доаѓа на местото на Муарем Бајрам кој доби отказ по поразот од Струга ТЛ.

Каран по именувањето на тренерската функција и веќе го одржа првиот тренинг и наредниот викенд ќе ја предводи екипата во дуелот од првата фудбалска лига против Борец.

– Пред се сакам да се заблагодарам на сите, во животот имам два омилени тима, едниот е Галатасарај, а вториот е Шкупи. Многу сум среќен што повторно сум во Скопје и ќе ја продолжам работата која мислам дека ми беше недовршена, па дојдов тука за да ја довршам. Благодарност до сопственикот на тимот Олгун Ајдин, како и на спортскиот директор и претседателот кои ми дадоа шанса повторно да се вратам. Во фудбалот ништо не е сигурно. Поранешниот тренер Муарем Бајрам ми е пријател со кого во минатото имавме одлична соработка и тоа тој како капитен, а јас како тренер на екипата. Но, во фудбалот се случуваат непредвидени работи. Имаме квалитетен тим со кој може да направиме големи работи и да ја освоиме титулата – изјави Каран за официјалната интернет страница на Шкупи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот