УМЕТНОСТ ВО КУЈНА: Киксови поради кои колачите не ви успеваат

Проблемот кој бројните почетници во кујната ги доведува до откажување во подготовката на колачите е нивниот лош исход. Имено, често се случува иако рецептот го следите во целост од чекор во чекор, по печењето резултатот да не е задоволителен туку, всушност, да биде потполна катастрофа.

Ви ги откриваме најчестите грешки поради кои вашите колачи не успеваат.

Наместо прашок за пециво користите сода бикарбона и обратно

Прашокот за пециво е направен од сода бикарбона, но нивната структура и текстура е сосема различна, како и дејството што го имаат во поедини рецепти. Сода бикарбоната реагира и произведува јаглерод диоксид само кога е помешната со кисели состојки како чоколада, јогурт, кисело млеко или оцет. Прашокот за пециво пак произведува јаглерод диоксид кога се помешува со вода. Ако содата ја користите самоволно наместо прашок за пециво, правите грешка поради која тестото нема да ви успее.

Избегнувате просејување на сувите состојки

Во бројни рецепти е назначено дека сувите состојки треба да се просејуваат пред додавањето во смесата, но многу домаќинки го прескокнуваат тоа. Овој чекор е важен бидејќи со просејувањето ги отстрануваме можните грутки во тестото, додека просејувањето на прашокот за пециво осигурува дека на површината на колачот нема да се создадат дупчиња.

Прочитајте и...  Меган Маркл е нејзин идол – Хелен досега потрошила илјадници долари за да изгледа како неа! (ФОТО)

Ја отворате вратата на рерната за време на печењето

Со отворањето на вратата на рерната доаѓа до пуштање на топлината надвор, а тоа предизвикува пропаст на колачот. Тоа се случува бидејќи смесата во средината останува свежа и потребно и е точно назначено време целата да се претвори во саканата текстура, со пуштањето топлина доаѓа до ослободување топол воздух од смесата и таа паѓа. Ова правило посебно се однесува на колачите и бисквитите без брашно.

Премногу долго го мешате тестото

Во последно време сè повеќе се користат автоматски миксери чии пак опции треба да ги совладате пред да се впуштите во нивното користење. Имено, премногу силно промешаното тесто ќе создаде меурчиња од воздух, кое по печењето само ќе се спласне. Правило е дека шеќерот и маргаринот трпат силно мешање со миксер, додека другите состојки треба да се измешаат рачно.

Прочитајте и...  Поранешното момче на водителката што се самоуби ги објави нивните последни пораки! (ФОТО)
profimedia

Заборавате да го протресете калапот со тестото

Посебно назначено во речиси секој рецепт е тестото откако ќе го излеете во калапот да го потресете. Многу домаќинки го избегнуваат тоа, а за последица добиваат површина од колачот која е грутчеста. Овој совет е вреден бидејќи со тресењето на тестото, посебно на она кое е дебело и лепливо, ги елиминирате меурчињата од воздух, а тоа спречува колачот да спласне и да остане со дупка во средината.

Белките нагло ги додавате во смесата што ја мешате со миксер

Грешката која многумина ја прават во настојувањето што побрзо да завршат со приготвувањето на колачот е наглото додавање на изматените белки во смесата. Имено, на овој начин белките стануваат воденести, ја губат пенастата структура поради што тестото по печењето во средината останува влажно и свежо. Белките треба во смесата да се додаваат со лажица малку по малку на самиот почеток и потоа нежно да се измеша остатокот. Белките никогаш не ги додавајте во смесата нагло и мешајќи ги со миксерот, бидејќи на овој начин стануваат течни и предизвикуваат згмечено тесто.

Прочитајте и...  Па, не го можам бре јас ова: Стихови на Цеца ги поврзаа со коронавирусот, а нејзината реакција ќе ве изнасмее! (ФОТО)

Премногу долго ги оставате жолчките и шеќерот без мешање

Бројните рецепти, посебно за тортите, започнуваат со првиот чекор на миксирање на жолчките со шеќерот, но сосема лесниот потфат веќе на почетокот може да предизвика лоша текстура на бисквитите. Имено, шеќерот се врзува за жолчките и се создаваат кристали кои е тешко да се измиксираат и да се претворат во мазна текстура, освен тоа сите наредни состојки тешко се врзуваат во хомогена смеса.

Прочитај повеќе

Хороскопски знаци кои до крајот на март ги очекуваат нови можности но и големи предизвици

Слободен печат

Откриена нова „мини Месечина“, која во моментов кружи околу Земјата

Слободен печат

Поранешната сопруга на холивудскиот злоставувач најде нова љубов (ФОТО)

Слободен печат

Дара Бубамара изгледа малку лаже! Српската пејачка плаќа приватен авион од 15.000 евра за да стигне на настап што го наплатува 7.000 евра?

Слободен печат

Манекенката со Даунов синдром ја водеше ревијата на Модната недела во Њујорк! (ФОТО)

Слободен печат

Елена Велевска ја објави најпровокативната фотка досега: Го откопча палтото и има што да се види… (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Џони Деп призна дека е воодушевен од ќебапи!

Слободен печат

Гвинет Палтроу стави маска да се заштити од коронавирусот и даде совети за заштита! (ФОТО)

Слободен печат

Поранешното момче на водителката што се самоуби ги објави нивните последни пораки! (ФОТО)

Слободен печат

„Brass Brothers“ ќе ве заразат со нивната прва авторска песна „Време – невреме“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Алек и Хиларија Болдвин уште еднаш докажаа дека трагедиите не им можат ништо!

Слободен печат

„Злобничка“ во жешко издание: Познатата актерка се соблече скроз гола и ја покажа тетоважата над задникот! (ФОТО)

Слободен печат