Уметникот кој ги прекршил правилата: Интересни факти за врвниот Рембрант

рембрант
Фото: Принтскрин / Youtube

Рембрант Херменсон ван Рејн е највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста воопшто.

Во биографскиот речник Чемберс пишува: „Ниеден уметник немал толкава комбинација на способности, енергија и сила“. „Неговиот однос спрема човештвото е полн со човечко сочувство и емоции“.

Рембрант живеел во таканареченото Златно доба на Холандија и бил водечки сликар во барокната ера (роден на 15 јули 1606 година, починал на 4 октомври 1669 година).

Бил одличен портретист и своите вештини, покрај во класичните портрети, ги применувал и на големи историски и библиски теми.

Често сликал автопортрети, што било еден вид експеримент откако се сликал самиот себеси во различни фази од животот – след на неговото стареење.

Покрај сликарството, Рембрант бил прилично добар и како графичар. Тој можел да направи исклучително сложени детали на мал простор во гравурите.

Рембрант ги прекршил правилата што важеле дотогаш за сликање историски, алегориски и библиски композиции. Неговите ликови не биле формални, но изгледале природно и спонтано. Неговите главни ликови се чини како да се подготвуваат за мисии или се релаксираат заедно, додека споредните фигури се природно распоредени околу една фокусна точка.

И покрај финансискиот успех, до крајот на 1640-тите, Рембрант го потрошил своето богатство и повеќе не можел да ја плаќа хипотеката. Тој ја продал својата куќа, многу предмети, слики од неговата колекција и неговата печатница. Со семејството се преселил во помал дом и никогаш не се опоравил финансиски. Умрел во сиромаштија.

Кога еден критичар од деветнаесеттиот век рекол дека дело на Августин Роден е во истиот дух како и на Рембрант, Роден одговорил: „Ме споредивте со Рембрант? Какво богохулење! Со Рембрант, колосот на уметноста! Треба да клечиме пред Рембрант и никогаш да не се споредуваме со него!“

Видео на денот