Уметничките проекти „Дијалог“ и „Движење“ ќе бидат претставени во македонската амбасада во Париз

Пандора Апостолоска Саздовска

Визуелниот уметник Пандора Апостолоска Саздовска и скулпторот Сашо Саздовски на 13 септември, со почеток во 18 часот, ќе имаат самостојна изложба во Амбасадата на Република С Македонија во Париз, Франција.

Пандора Апостолоска Саздовска ќе се претстави со проектот „Дијалог“ во кој врши истражување во сликарството паралелно со цртежот, а скулпторот Сашо Саздовски со проектот „Движење“, во кој ќе ги презентира актуелните истражувања во скулптурата.

Двајцата автори ги создадоа своите дела за време на двомесечниот престој во Париз, Франција. Изложбата ќе ја отвори Амбасадорот на Република С Македонија во Париз, господинот Рефет Хајдари.

Пандора Апостолоска Саздовска е визуелен уметник, активист и истражувач. Во 2004 г. дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје Македонија. Уметничката практика на Пандора Апостолоска Саздовска е насочена кон меѓучовечките односи истражувајќи ги аспектите на војната и насилството како политички и социолошки феномен.

Сашо Саздовски

Сашо Саздовски е скулптор и истражувач. Во 2000 год. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, а во 2002 година магистрира на Катедрата за скулптура на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија.

Уметничката практика на Сашо Саздовски е научно истражувачка. Во своите истажувања тој е фокусиран на прашањата за бесконечноста како одраз на нашето ограничено постоење во времето и просторот. Тој е професор по ликовна уметност во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје, Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот