Уметничкиот проект „Домашна работа, наша работа“ на Кристина Божурска ќе биде подготвен во КСП „Центар-Јадро“

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ по распишаниот отворен повик за реализација на партиципативен уметнички проект извести дека е селектиран проектот „Домашна работа, наша работа“ на Кристина Божурска. Авторката ќе го развива својот проект во наредните неколку месеци и ќе го претстави во просторот на „Центар-Јадро“ кон крајот на јули 2021 година. Во текот на својата работа таа ќе соработува со реномираниот куратор од Словенија, Теуш Логар. Проектот е финансиски поддржан од Швајцарската амбасада.

Кристина Божурска дипломира сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, a во 2017 магистрира на Институтот за културолошки студии во Скопје, фокусирајќи се во своето истражување на социјалните практики во уметноста. Во своите дела таа користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео. Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст, каде што преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира актуелните проблеми. Честопати тргнува од отфрленото, непотребното, заборавеното, во обид да го помести фокусот на опсервација и да го преиспита доминантниот консензус.

Божурска имала самостојни изложби во галерија „Уна“ во Бјаред, Шведска; Мала станица, МКЦ и СИА галерија, Скопје; „Прима галерија“ Берлин; и во Куманово. Учествувала на многубројни групни изложби и видеофестивали во земјата и во странство.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 73, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20-21 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот