Уметнички друштва од Хрватска ќе настапат во Битола

Хрватските уметничките друштва, ансамбл „Далматино” и вокалната клапа „Левера” вечер во Битола ќе приредат концерт на изворна и популарна музика.

Гостите од хрватската општина Муртер Корнати во Битола доаѓаат на покана на македонско-хрватското друштво МХД „Марко Марулиќ” со седиште во овој град.

– Секоја година во овој период во Битола организираме целовечерен концерт со гости од Хрватска, а повод e Денот на независноста на Хрватска. Концертот ќе се одржи во малата сала на НУ Центар за култура-Битола, установа која е соорганизатор на културниот настан, информираа од МХД „Марко Марулиќ”-Битола, во пресрет на вечерашниот концерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот