Уметничката инсталација „Сенките на занаетите“ ќе биде презентирана во КСП „Центар-Јадро“

Во рамки на седмото издание на фестивалот „Крик“ на 30 јуни, со почеток во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“ ќе биде заокружено тринеделното комплексно мапирање на занаетите во Скопје, под водство на Билал Јулмаз и Лидија Хаѕионау, со изложбата „Сенки на занаетите – инсталација на сенка – светло – звук“.

„Сенки на занаетите – Скопје“ е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура во Скопје, реализирано за време на едномесечениот престој на уметникот Билал Јулмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану во рамките на „Крик“ – фестивал за критичка култура, заедно со учество на локални креативци.

Во контекст на нивниот проект „Creative – Craft Platform“ (Креативна платформа за занаети), Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану имаат цел да воспостават мрежи и заедници на занаети и креативци во контекст на предизвиците кои ги носи со себе постиндустриското општество. Проектот нуди алатки за воспоставување колективна архива на занаетчиската култура и активирање на креативците да размислуваат за потенцијалот на занаетчиството, притоа документирајќи и разбирајќи ги аспектите на трансформацијата на занаетчиството во современиот контекст.

Скопје е првиот град кој е мапиран надвор од Турција, по Истанбул и Ајвалик. Партиципативното истражување реализирано во изминатите неколку недели е претставено на интерактивна дигитална мапа. Тоа е првиот чекор кон формирање на локална заедница на креативци и занаети, која ќе стане дел од динамична меѓународна мрежа на мапирани градови. Инсталацијата го визуелизира процесот на мапирање и истражување, преку предмети и звуци кои го претставуваат занаетчискиот пејзаж на градот.

Уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану се занимаваат со занаетчиството и неговата повеќеслојна врска со уметноста, наследството, индустријата, технологијата, родовата динамика, продукцијата и потрошувачкото општество. Заедно, тие ја развиваат платформата „Creative-Craft“, дигитална алатка и физички концепт за мапирање – поврзување -реактивирање и редефинирање на современото значење на занаетчиството, со цел да го откријат нивниот културен, економски и одржлив потенцијал за производство на креативни идеи во постиндустриската ера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот