Умерено облачно, со максимална температура до 35 степени

Скопје есен
Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Времето денеска во државава ќе биде малку до умерено облачно и нешто потопло, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР.

Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степена.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот