Умерен земјотрес регистриран на Исланд

EPA-EFE/STR

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Исланд.

Епицентарот бил на 230 километри југозападно од Рејкјавик на длабочина од 10 километри.

Во погодената област живеат околу 118 000 луѓе, но нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

По земјотресот не е објавено предупредување за појава на цунами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот