Ултиматум за Роналдо: Или ќе го промени ставот или ќе добие отказ

Кристијано Роналдо ја откри целата вистина околу неговата ситуација на „Олд Трафорд“/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед му постави ултиматум на Кристијано Роналдо со кој бара да го промени ставот или во спротивно ќе му биде раскинат договорот, пишува „Скај Спортс“.

Роналдо наместо со игрите, тој вниманието на спортската јавност го привлекува со своето однесување, не се појави на почетокот од подготовките на Јунајтед поради „лични проблеми“ и притоа побара да биде продаден во друг тим кој ќе игра во Лигата на шампионите, но не му беше исполнета желбата.

Португалецот се врати во тимот, натпреварот со Брајтон го започна од клупата, додека против Брентфорд беше стартер. Сепак, со своето однесување кога тимот губеше, го навлече гневнот на соиграчите.

Роналдо често се лути на соиграчите, негодува на нивните одлуки и не ги поддржува кога не им оди. Управата одлучи да стави крај на таквото однесување и му постави ултиматум, му порача да го промени ставот или ќе добие отказ пред крајот на преодниот рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот