Ултиматум од претседателот на Гвинеја: Или донесете го шампионскиот трофеј или вратете ги парите

Претседателот Мамаду Думбуја им постави ултиматум на репрезентативците на Гвинеја/ фото: EPA-EFE/STR

Годинава во Гвинеја беше извршен државен удар по кој воената хунта ја презеде власта и на чело на државата сега е полковникот Мамаду Думбуја кој во војнички стил ги испрати фудбалерите на Африканскиот куп.

– Донесете го трофејот или вратете ги парите кои се инвестирани во вас – им порача Думбуја на репрезентативците на Гвинеја пред заминувањето во Камерун на Африканскиот куп.

Фудбалската репрезентација која го носи прекарот „Национални слонови“ нема забележителни резултати во последно време. Тие кикснаа во квалификациите за пласман на СП во Катар и континенталниот собир кој ќе се одржи во Камерун им е шанса да го поправат впечатокот.

Гвинеја на Африканскиот куп на нации се наоѓа во група со Малави, Сенегал и Зимбабве.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот