УЛТИМАТУМ ОД ЕУ: Имате 12 дена да покажете план, ако не, тогаш е крај

Имате 12 дена да покажете план за излез на Велика Британија од ЕУ, црно на бело. После тоа е крај, му порача финскиот премиер на британскиот колега Борис Џонсон.

Денес се очекува конечна судска одлука за легалноста за суспензијата на британскиот парламент, која ја „смислил“ Борис Џонсон по кризата заради неможноста на изнаоѓање на конечно решение за Брегзит.

Финскиот премиер Анти Рине му порачал на Борис Џонсон дека има 12 дена на лидерите на унијата да им го претстави својот план за излез од Британија од ЕУ, односно од кога неговата земја ќе го презеде ротирачкото претседавање со Унијата.

Тој на новинарите им рекол дека тој и францускиот претседател Емануел Макрон се договориле и дека тој план мора да биде претставен „црно на бело“ до крајот на овој месец, ако тоа не се случи, „тогаш тоа е крај“.

Рине во наредните денови ќе разговара за тоа со претседателот на Европската комисија, а планира и да се сретне со Борис Џонсон.

Од друга страна од Даунинг стрит велат дека во Британија на големо се во тек политичките преговори за Брегзит и дека Џонсон има намера да го почитува договорот, односно да заврши се до крај на „ултиматумот“ кој сам го поставил, односно до половина октомври, пренесуваат светските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот