Ултиматум на Реал: Не играме „Ел Класико“ доколку немаме гаранции за безбедноста

EPA/JUANJO MARTIN

Првото „Ел Класико“ сезонава помеѓу Барселона и Реал Мадрид требаше да се одигра на 26 октомври, но поради политичките немири и демонстрации во каталонскиот град, дербито беше преместено за 18 декември. Но, и вториот термин е неизвесен бидејќи токму за 18 декември се најавени нови протести и тоа пред „Камп Ноу“.

Токму поради тоа, од „кралскиот“ одлучија да не го напуштаат авионот доколку не им биде гарантирана безбедноста.

Веднаш по ултиматумот на Реал Мадрид, се јави претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу со порака дека натпреварот нема да се одложи.

– Можам да кажам дека „Ел Класико“ ќе се игра, нема да има повторно одложување. Сите имаме одговорност да овозможиме натпреварот да се одигра. Знаеме дека во моментов во Каталонија политичката состојба не е најсјајна. Нашиот стадион е место како луѓето можат слободно да ги искажат своите чувства, и тоа не влијае на никого на теренот. Токму затоа верувам дека натпреварот ќе се игра на 18 декември – изјави Бартомеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот