Ултиматум: Еве ги условите на Обамејанг, Арсенал е на потег!

twitter.com/AFTVMedia

Интернационалецот од Габон е еден од клучните играчи во нападот на Арсенал, од неодамна ја носи капитенската лента, а менаџерот Микел Артета со сите сили се обидува да го задржи во екипата.

Пјер-Емерик Обамејанг е во преговори со челниците на Арсенал, и натаму не е познато дали играчот ќе остане во клубот, а важечкиот договор му истекува на 30 јуни 2021 година.

Според сегашниот договор заработува 180.000 илјади неделно, а „ЕСПН“ открива кои се неговите нови услови.

Тој има 31 година, изворот вели дека дека фудбалерот на „топчиите“ бара нов договор на три години според кој би имал неделна заработка од 250.000 илјади фунти.

Прашање е сега дали челниците на лондонскиот клуб ќе ги прифати условите на моментно најдобриот стрелец во Премиер лигата оваа сезона.

Доколку не биде продолжена соработката, тогаш се очекува уште повеќе Реал Мадрид и Барселона да се вклучат во трката за услугите на напаѓачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот