Улрих Мајер-Хорш со актерска работилница според техниката на Михаил Чехов доаѓа во кино Култура

Во рамките на проектот „Мајсторски работилници по актерска игра и театарска режија“ во Кино Култура, а во организација на Театарот на Навигаторот Цветко, Мејер-Хорш ќе одржи четиридневна работилница за професионални актери и студенти по актерска игра од втора, трета и четврта година.

Учеството во овие работилници вообичаено се наплаќа, но македонските актери и студенти ќе имаат можност да присуствуваат бесплатно.

Модулот кој се обработува на работилницата е насловен „Актерството од вашата имагинација“, а начинот за пријавување е преку испраќање на видео поставено на YouTube, не подолго од една минута, со одговор на прашањето „зошто сакам да бидам дел од работилницата“, на англиски јазик. Меилот на кој треба да се достави линкот од видеото е [email protected], a рокот за пријавуавње е до 3-ти октомври, 12 часот напладне.

Работилницата ќе се одржи од 12 до 15 октомври, од 10:15 до 17:00 часот.

Првата работилница која се одржа во рамките на истиот проект, беше насловена како „Креативен процес“, под водство на словенечкиот режисер Томи Јанежиќ, со наслов „Креативен процес“ и траеше два дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот