Уловен милионот од инстант лозот ЗЛАТНА РИПКА во Прилеп

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува многу играчи и да раскажува многу среќни рибарски приказни.

Овој пат среќниот добитник на главната премија од 1.000.000 денари доаѓа од Прилеп. Игорче Богојевски заедно со неговиот шестгодишен син купиле 10 инстант лозови ЗЛАТНА РИПКА од продажното место„Маргаритка“ во Прилеп. На еден од овие лозови како добитен број бил и бројот 08, кој се појавил во едно од полињата ТВОИ БРОЕВИ, а веднаш под него била впишана и сумата на добивката во вредност од 1.000.000 денари. Игорче и неговото семејство како  долгогодишни играчи на инстант лотаријата, конечно го пронајдоа својот среќен лоз. Како што раскажаа ќе продолжат да веруваат во среќата и понатаму ќе гребат инстант лозови, а повремено како и до сега ќе играат и по некоја ЛОТО 7 комбинација. Средствата од добивката ќе ги вложат во својот дом и негово реновирање.

Им посакуваме многу среќа, а на сите останати играчи им посакуваме да уловат добивки од инстант лозот ЗЛАТНА РИПКА, кој за само 50 денари може да ве донесе до три добивки на еден инстант лоз.


Комерцијален ПР текст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот