Улицата „4“ во Долно Лисиче целосно реконструирана

Целосно е реконструирана улицата „4″ во Долно Лисиче во должина од 270 метри и површина од 820 квадратни метри.

Како што соопшти Општина Аеродром, реконструкцијата на улицата опфати рехабилитација на оштетениот асфалт и поставување нов тампон и нов слој асфалт.

Од Општина Аеродром информираат дека со забрзана динамика ја уредуваат патната инфраструктура и го олеснуваат секојдневното функционирање на жителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот