Улица „Даутица“ или езеро „Даутица“?

Улицата „Даутица“ во населба Ѓорче Петров не е голема, но е една од најважните во населбата. Оттука жителите секојдневно минат кога треба да излезат на главната улица, децата за да стигнат до основното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“…

Секојдневната слика тука е непрописно паркирани возила, одложување градежен шут на несоодветни места, а ситуацијата е уште полоша кога ќе заврне – тогаш дупките кои ги има на секој чекор по најмалку две се преполни со вода и формираат вистински езерца. Невозможно е да се помине, можеби само со рибарски чизми.

Фото Слободен печат
Фото Слободен печат
Фото Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот