Уличните светилки во Прилеп ќе светат „преку една“, градската власт вели – мора да се штеди

Прилеп/Фото: МИА

Прилепските градски власти ќе почнат со рестрикција на уличното осветлување. Како што соопштија од локалната самоуправа, ова е поради кризата, но и енормно зголемените цени на електричната енергија.

Ова се смета за моментална одлука. Имено, во наредниот период делумно ќе се исклучува дел од постојната електрична инфраструктура во централното градско подрачје според принципот „преку една”. И тоа, велат од општината, исклучиво на места каде имало прекумерно осветлување.

И покрај рестрикциите, градските власти уверуваат дека водат максимална грижа за непречен сообраќај во ноќни услови, а и за пешаците. Со делумното намалување на уличното осветлување немало да биде нарушено движењето.

Крајната цел, потенцираат прилепските локални власти, е да не се доведеме во ситуација да бидеме во целосен мрак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот