Уличните продавачи на Лице в лице се враќаат на улиците (ВИДЕО)

Околу 30 продавачи на уличното списание Лице в лице останаа дома поради опасност од ширење на вирусот Ковид 19. Со тоа значително им беше отежната можноста за заработка. Но, со олабавување на рестриктивните мерки и укинување на полицискиот час, продолжува и продажбата на списанието, информираше денеска во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, координаторката на продажба, Ема Тодоровска.

-Направивме план за работа, во соработка со партнерските организации на уличен печат, кој што значи обезбедување на заштитна опрема за продавачите. Исто така, продавачите ќе излегуваат по претходно договорен распоред, за кој читателите ќе бидат известени на социјалните мрежи. Локациите ба кои најчесто се продава списанието се Дебар маало, пред Зоолошка градина, во Градски парк, Лептокарија и улица Македонија, информира Тодоровска.

Сепак, на улица се вратија само продавачите кои не спаѓаат во ризичната група граѓани, останатите продавачи, списанието ќе го продаваат онлајн.

-Продавачите на Лице в лице кои први излегоа на улица после кризата се младинци од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари и не спаѓаат во ризична категорија граѓани, а за тие кои не смеат да продаваат на улица, направивме он лајн продавница со код на секој продавач, и купувачите при нарачка ќе можат да го впишат кодот со што продавачот ќе добие половина од сумата, вели Тодоровска.

Продавачот на списанието, Кристијан Марковски вели дека е задоволен од продажбата но се жали од угостителите.

-Немам проблем со продажбата, само ми смета кога не бркаат од рестораните и кафичите. Инаку имам голем број на луѓе кои ме препознаваат и го купуваат списанието, вели Кристијан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот