Улицата Тодор Александров утре ќе биде затворена за сообраќај, ќе се асфалтира

Утре, во периодот од 8.30 до 16.00 часот поради извршување градежни активности за реконструкција на улицата Тодор Александров на Водно, на потегот од ИЗИИС до последна автобуска постојка број 3 ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

 Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе го асфалтираат овој потег со втор слој асфалтна маса и поради асфалтирањето целиот овој потег ќе биде затворен за сообраќај и обележан со соодветна сигнализација, што ќе важи до завршување на градежните работи – информираат од претпријатието.

Видео на денот