Укшини: Изборите во Косово пример за многу држави во регионот

Амбасадорот на Косово во Албанија, Сул Укшини  изјави дека вчерашниот ден, кога се одржаа предвремени парламентарни избори во Косово, беше празничен ден.

Поздравувајќи го изборниот процес и кампањата што му претходеше тој додаде дека била со поголема политичка етика „поради што треба да биде пример за многу земји во регионот”.

Според него, овие избори испратиле и порака до Брисел дека Косово е неправедно лишено од слободно движење и дека е дел од Европа.

-Вчера беше еден вид празник, а 100.000 гласачи повеќе од претходните избори, покажаа дека луѓето биле многу заинтересирани да излезат и да го дадат својот глас. И кампањата беше со многу поголема политичка етика, што може да биде пример за многу земји во регионот. Поради околностите ние предвреме созреавме. Во демократијата победа е кога има стабилност и кредибилитет. Ова е пример за на Брисел да му се каже дека Косовците неправедно се лишени од слободното движење. Косовците покажаа дека се дел од Европа, рече Укшини.

Запрашан како изборот на Албин Курти за премиер ќе влијае врз односите меѓу двете држави тој кажа дека тие ќе се движат напред, бидејќи станува збор за една нација.

Со доза на хумор, додаде,  Косово е пред Албанија во фудбал, музиката, а сега и во организирање избори.

-Во однос на националниот интерес мислам дека односите меѓу Косово и Албанија ќе одат напред. Двете други стратешки ориентации на Косово ќе бидат Вашингтон и Брисел. Албанија е природен партнер, ние сме една нација и имаме еден јазик. Во фудбалот, музиката и изборите треба да признаеме дека сме напред, има некои работи што и Албанија треба да ги прифати, така што некои нешта треба да ги земеме ние од вас и вие од нас. Тоа е природна симбиоза,рече Укшини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот