УКРАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЕВРА: Украински хакери ограбиле банкомати во БиХ

Илустрација банкомат / Фото Архива

Истражителите се сомневаат дека за два дена од банкомати од БиХ се украдени повеќе од 2,5 милиони конвертабилни марки.

Украински хакери од банкомати во БиХ за два дена украле повеќе од 2,5 милиони конвертабилни марки – 1.250.000 евра.

Од петокот до неделата на подрачје на БиХ е изршена една од најголемите кражби на банкомати, пренесуваат медиумите.

Полицијата во Бихаќ уапсила двајца украински државјани кај кои биле пронајдени околу 100.000 конвертабилни марки. Истражителите се сомневаат дека за два дена од банкомати од БиХ се украдени повеќе од 2,5 милиони конвертабилни марки.

Осомничени се двајцата уапсени Украинци, Александар Ивановиќ Зајцев и Дмитри Јуриовиќ Бојка, но се претпоставува дека во акцијата на голема кражба на банкомати учествувале уште неколку лица, заради големата количина на украдени пари.

Тие краделе со помош на специјална опрема и без физичко оштетување давале наредба на банкоматот да исфрла пари. Постапката на подигнување на пари е таков што одеднаш можат да подигнат помал износ на пари, за што е потребно околу 15 секунди.

Се претпоставува дека крадците ја започнале акцијата во петок и во сабота, бидејќи банките за време на викендот обезбедуваат доволни количини на пари во банкоматите. Бидејќи на секој банкомат постои камера, порталот наведува дека со спреј ја прскале камерата, за да избегнат да бидат снимени.

Порталот Журнал вчера објавил дека уапсените Украинци во БиХ влегле преку Србија и тоа преку граничниот премин Шепак, кој важи за еден од најсигурните премини за криминалци. Тие претходно престојувале во Црна Гора каде исто така украле повеќе илјади евра од банкомати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот