Украл автомобил и повредил полицајци

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Вчера околу 17 часот на булеварот „Александар Македонски“ е уапсен Н.Ќ.(36) од Скопје поради сомнение за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.

Околу 16.35 часот во полициска станица, С.Н.(46) од Скопје пријавил дека на улица „Даме Груев“ непознат сторител одзел возило „ауди А6“, сопственост на фирма од Скопје. За несреќа на сопственикот клучот од возилото останал на бравата.

Набргу потоа, возилото било забележано во близина на кејот на реката Вардар. Но, и покрај наредбата од полицајците да застане, Н.Ќ. продолжил и со возилото турнал двајца полициски службеници и побегнал.

Додека, третиот полициски службеник со службено возило „БМВ“ тргнал по него и успеал да го престигне.

На булеварот „Александар Македонски“, Н.Ќ. го запрел возилото и почнал да бега трчајќи, но набргу бил уапсен. Претходно, додека бегал со одземеното возило, Н.Ќ. удрил и оштетил три други возила („фолксваген голф“, „фиат пунто“ и „фолксваген голф 4“), како и службеното возило „БМВ“. Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „голф 4“, Д.М. и сопатникот во истото возило Ј.К., додека полицискиот службеник кој го лишил од слобода Н.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во болницата „8 Септември “, каде им била укажана лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот