Украинските власти повикаа на бојкот на француски супермаркети што продолжија да работат во Русија

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска повика на бојкот на продавниците на „Ошан”, француски синџир на супермаркети, бидејќи групацијата продолжи да работи во Русија

„Очигледно е дека загуба на бизнисот во Русија им е поважен од мртвите во Украина”, напиша Кулеба на Твитер.

Министерот додаде дека „Ошан” треба да се игнорира, доколку овој синџир супермаркети го игнорира фактот дека за време на руската инвазија досега се убиени 139 украински деца.

„Ошан” има 231 продавница во Русија, со годишен обрт од 3,2 милијарди евра, што е повеќе од 10 отсто од нивната глобална активност.

Кулеба апелираше и за бојкот на други продавници, што, како и „Ошан”, се во сопственост на француската групација АФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот