Украинските амбиции за враќање на Крим

Фото: Пиксабеј

Додека украинските воени сили постигнуваат важни победи на бојното поле, прашањето за Крим полека доаѓа во центарот на вниманието. Така, во последните денови бројни руски политичари разговараа за можен украински напад на клучниот полуостров. Крим има стратешко значење за двете страни бидејќи се наоѓа на Црното Море, но не треба да се потцени ниту неговата симболична важност.

Поранешниот командант на руските воздухопловни сили, Виктор Бондарев, смета дека Украина нема „ниту ресурси, ниту воен потенцијал“ да го врати Крим под своја контрола. Истовремено, рускиот парламентарец Андреј Гуруљов го повикува Кремљ да ја пресмета можноста Украинците да извршат напад со поддршка на НАТО. Неговиот колега од рускиот парламент, Михаил Шеремет, ги предупредил украинските војници дека ќе добијат „голем удар“ доколку започнат офанзива на Крим, пишува британски Скај Њуз.

Кога Русите започнаа воена инвазија на Украина во февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски првично беше претпазлив јавно да ги изрази своите амбиции за ослободување на Крим. Сепак, како што војната напредува и како што Украинците сѐ повеќе напредуваат на бојното поле, Зеленски се поотворено испраќа пораки дека го смета Крим за украинска територија и дека украинските војници повторно ќе го преземат.

Украинскиот заменик министер за одбрана Володимир Хаврилов изјави дека украинските сили би можеле да се вратат на Крим до крајот на декември, додека целата војна со Русија треба да заврши до пролет. Тој смета дека повторното заземање на Крим е „само прашање на време“ и тврди дека за такво сценарио може да придонесе некој непредвидлив настан во Русија, како што е ненадејниот пад на режимот на Путин.

„Можеме да влеземе во Крим, на пример, до крајот на декември. Можно е, можно е. Не е на одмет“, рече Хаврилов.

Сепак, пензионираниот британски вицемаршал Шон Бел потсетува дека Крим е голем дел од руската историја и дека Русија никогаш не го сметала Крим за неруски.

„Одбранбени позиции остануваат на место и денес. Проценките од повеќето воени перспективи, вклучувајќи ја и американската перспектива, односно највисокото американско одбранбено тело, велат дека шансите Украина некогаш воено да го преземе Крим се многу, многу мали“, смета Бел.

Тој смета дека украинската надмоќ во сегашната фаза на војната е поттикната од западните оружја, но додава дека нема неограничени количини од ова оружје. Бел заклучува дека вистинското прашање е дали Зеленски ќе жртвува десетици илјади војници во залуден обид да го освои Крим или дали ќе се согласи на компромис во кој би изгубил дел од територијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот