Украинскиот режисер Сергеј Лозница: Откажувањето на руските уметници е гротескно

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Украинскиот режисер Сергеј Лозница планира да сними документарен филм за војната во неговата земја, рече тој на филмскиот фестивал во Кан, каде што го прикажа својот филм „The Natural History of Destruction“.

„Сè уште не сум се вратил во Украина од почетокот на војната, но секако имам намера да одам таму и имам намера да снимам филм за оние злосторства што се случуваат во моментов“, режисерот кој живее во Литванија , изјави за „Reuters“.

На тема која создаде „бучава“ во Кан, Лозница го бранеше своето противење на бојкотот на руските филмаџии.

И покрај неговиот ужас од сегашната војна, Лозница се скара со многу негови сонародници поради неговиот став кон бојкотирање на Русите. Тој беше исфрлен од Украинската филмска академија во март, откако одби да ги собере сите руски уметници во еден кош, велејќи дека би било подобро „да се обединат слободољубивите и слободоумните луѓе од светот против руската агресија“.

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Минатата недела во Кан, шефот на Меѓународниот филмски фестивал во Киев, Андреј Калпахчи, на панелот изјави дека во моментот не постои нешто како „добри Руси“.

Лозница изјави за „AFP“ дека обележувањето на луѓето како добри или лоши е „гротескно“.

„Можеби неговата реакција и мислење (на Калпахчи) се предизвикани од оваа многу силна емоционална вознемиреност што ја доживува и можеби тоа е разбирливо. Но, во исто време ова не можам да го прифатам. Таквиот став е нехуман“, рече тој.

Во Кан имаше контроверзии околу одлуката на организаторите да го вклучат рускиот режисер Кирил Серебреников во главната конкуренција за Златната палма.

Иако Серебреников ја осуди војната и замина во егзил, многумина во украинскиот филмски свет велат дека неговите минати врски со руските власти, а финансирањето од олигархот Роман Абрамович значи дека тој требало да биде исклучен оваа година.

„Силно чувствуваме дека сè и се што е руско мора да биде откажано“, рече Ендрју Фесиак, основач на украинската продукциска фирма „F Films“, на панел дискусијата во Кан минатата недела.

Лозница беше категоричен во своето противење на ваквите целосни забрани.

„Како го дефинирате овој концепт на руски? Дали сте Русин поради вашиот пасош, вашето државјанство? Поради вашата етничка припадност? Тоа е лизгава патека. Цврсто верувам дека луѓето треба да се судат според нивните индивидуални зборови, нивните индивидуални постапки, а не нивните пасоши. Секој поединечен случај треба да се суди според сопствените заслуги“.

„Културата генерално, по дефиниција, се спротивставува на војната – тоа е нешто што е апсолутно против секоја војна“, рече тој, повторувајќи го прогонетиот руски режисер Кирил Серебреников, кој минатата недела исто така зборуваше против бојкотот на руската култура.

Серебреников ја критикуваше инвазијата на Украина и неговиот филм „Tchaikovsky’s Wife“ е единствениот руски претставник на фестивалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот