Украинскиот претседател Зеленски се излекува од коронавирусот

Володомир Зеленски/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ / POOL

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека оздравел од коронавирусот.

„Конечно имам негативен резултат на коронавирус“, објави Зеленски на Фејсбук два дена откако го доби првиот позитивен тест.

Зеленски (42) на видео-снимка објави дека се враќа во канцеларија. Шефот на украинската држава рече дека имал само благи симптоми, а после самоизолацијата поминал некое време во државната клиника.

„Мораме да се заштитиме што е можно повеќе со носење на медицински маски, одржување на физичка дистанца, земање витамини и изолирање на пациентите“, рече тој.

Неколку украински министри исто така се заразија во последните неколку недели. Украина, земја со 40 милиони луѓе, забележа голем раст во последните недели со десетици илјади новозаразени дневно.

Земјата е на раб на здравствена катастрофа, предупреди на почетокот на ноември, министерот за здравство Маким Степанов. До денеска во Украина се потврдени 653.442 заразени, од кои 11.423 починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот