УКРАИНСКИОТ ОБВИНИТЕЛ ЗА СЛУЧАЈОТ ВО КОЈ МУ СЕ „ТРЕСЕ“ ФОТЕЛЈАТА НА ТРАМП: Немаше истрага против Бајден!

Специјалната канцеларија за борба против корупцијата на украинското обвинителство не водела истрага против поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден или неговиот син, изјави денеска Назар Холодњицки, директор на таа институација.

На 25 јули американскиот претседател Доналд Трамп во телефонско разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски побара да отвори истрага против Бајден, потенцијален противник на Трамп на изборите во 2020 година и неговиот син Хантер, поранешен член на одборот на украинската компанија за гас Бурисма.

Врз основа на сознанијата за тоа барање на Трамп, Демократската партија започна процес во американскиот Конгрес за отповикување на шефот на државата.

Хантер Бајден беше член на управниот одбор на Бурисма во исто време кога неговиот татко ги водеше американските дипломатски активности со Киев. Иако тоа совпаѓање предизвика загриженост кај борците против корупцијата, нема докази за какво било кривично дело од поранешниот потпретседател на САД или неговиот син.

Холодњицки, исто така, рече дека претходната истрага за Бурисма била затворена во 2017 година поради недостиг на докази, но дека судот во Киев во 2018 година ја поништил таа одлука и наредил истрагата да продолжи. И покрај пресудата на судот, случајот сè уште е „во тек” и оттогаш не е преземена истражна постапка.

Тој прецизираше дека во случајот со истрагата за Бурисмо не се споменува Бајден или неговиот син, која главно беше насочена кон наводна злоупотреба на овластувањата од страна на службени лица на украинското Министерство за екологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот