Украински тенкисти: „Леопардите“ се „мерцедеси“ во споредба со советските „жигули на гасеници“

Германските тенкови „леопард 2“ се како „мерцедеси“ во споредба со старите советски тенкови, оцени еден од украинските тенкисти што на полигони во Мунстер се обучуваат да ги користат новите оружја што Берлин му ги испраќа на помош на Киев.

Неколку десетици украински тенкисти се обучуваат на симулатори и на полигон во Германија, за да можат да ги користат ефикасно тенковите кога ќе бидат испратени во Украина.

– Клучно е да го користиме мудро ова модерно оружје. Тоа ќе ни овозможи пробив и на крајот ќе победиме – изјавил 57-годишен украински војник во Мунстер.

Верзијата на „леопард 2“ што Германија ѝ ја испраќа на Украина е тешка 60 тона, а топот пука гранати од 120 милиметри на далечина до 4 километри. На прашањето да ги спореди тенковите на кои сега се обучува со оние што ги користи украинската армија, тој истакнал дека е исто како да се споредуваат „мерцедеси“ со „жигули“.

На германски полигони се обучуваат повеќе од 15.000 украински војници за користење на новите оружја што нивната земја ги добива од западните сојузници.

Војник што се обучува за управување со оклопното возило „мардер“ истакнал дека модерните германски транспортери не се многу понапредни од советските што Украина сега ги користи на бојното поле.

– Имаме искуство со слични системи. Логиката е иста, некогаш не ни се потребни преведувачи за да ги разбереме инструкциите – истакнал војникот.

Украинските војници се обучуваат по 12 часа шест дена во неделата.

– Тие се мотивирани и сакаат да стекнат знаење. Тие знаат дека за пет недели ќе се вратат назад на фронтот – изјавил Петер, полковник задолжен за обуката за користење „леопарди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот