Украински гувернер: Најмалку 12 загинати во руското гранатирање на Северодоњецк

Северодоњецк
Северодоњецк, Украина / Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Најмалку 12 лица загинаа, а 40 се ранети во денешното руско гранатирање на градот Северодоњецк во источна Украина, кој е речиси опколен од руските сили, соопшти регионалната влада.

„Русите изутрината почнаа да пукаат со тешко оружје кон регионалниот центар, а гранатирањето продолжува“, напиша Сергеј Гајдар на Телеграм.

Тој рече дека на мета најмногу се станбени згради и дека билансот може да биде поголем, бидејќи засега е невозможно да се испитаат погодените зони.

Градоначалникот на Северодоњецк, Олександр Стрјук, на 6 мај изјави дека неговиот град е „речиси опколен“ од руски војници и проруски сепаратисти од Донбас кои се обидуваат да ја преземат контролата врз целиот регион.

Тој рече дека се останати уште околу 15 000 од 100 000 жители на градот пред војната.

Северодоњецк, еден од неколкуте важни градови во регионот кои сè уште се во рацете на Украина, и соседниот град Лисичанк се на 80 километри источно од Краматорск, кој стана административен центар на украинскиот Донбас откако сепаратистите го окупираа источниот дел во 2014 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот