Украински гувернер: Ако Русија ги анектира териториите, се зголемува шансата за нуклеарен напад

Фото : Твитер - Гувернер на Доњецката област, Павло Кириленко

Гувернерот на Доњецк вели дека шансите Русија да изврши нуклеарен напад може да се зголемат доколку Владимир Путин лажно прогласи четири украински региони за руски.

„Украина мора да биде подготвена. Прибегнувањето кон нуклеарната опција ќе ја фрли Русија во бездна“, изјави украинскиот гувернер Павло Кириленко за британски Скај.

Кириленко зборуваше за петдневното гласање на лажните референдуми за тоа дали окупираните источни и јужни региони на Украина ќе се приклучат на Русија.

Се очекува дека резултатите, кои нема да бидат меѓународно признати, ќе ја откријат победата на поборниците за приклучување на украинските територии кон Русија. Кириленко наведува дека тој потег нема да промени ништо за Украина и дека земјата има намера да се бори за враќање на нејзините територии окупирани од руските сили.

„Постои и закана од хемиско и друго забрането оружје за масовно уништување. Долго време се прават напори за евакуација на луѓето од областите на фронтот за да се намали изложеноста на такви закани. Украина, исто така, ја зајакнува својата одбрана во регионот Доњецк за да го спречи рускиот напредок и контранападите. Тоа се случува на различни фронтови во Доњецк во две важни битки“, изјави украинскиот гувернер.

На прашањето дали има порака за Путин, Кириленко одговори „дека мисли дека нема смисла да се испраќаат пораки до болен човек“. Но, тој вели дека има порака за сите Руси.

„Русите имаат избор – или да дојдат на територијата на Украина и да умрат, да се вратат без делови од телото или да завршат во затвор или можат да се кренат против режимот во Русија“, изјави Кириленко за Скај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот