Украински генерал предупреди на можен руски напад во 2022 година

Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Русија „концентрирала” повеќе од 92.000 војници во близина на границите на Украина и „се подготвува да ја нападне” кон крајот на јануари или почетокот на февруари 2022 година. Ова во интервју за американското воено издание Милитари тајмс го изјави генерал Кирил Буданов, шеф на военото разузнавање на Украина.

„Ваквиот напад најверојатно ќе вклучи воздушни напади, артилериски и тенковски напади на исток, по што ќе следат воздушни напади во Одеса и Мариупол”, смета генералот. Исто така, според него, територијата на Белорусија ќе се користи за „инвазија” врз Украина. Генералот наведува дека до овој заклучок дошол по руско-белоруските вежби „Запад – 2021″ одржани годинава. Буданов рече дека последиците од хипотетички напад ќе бидат попогубни за Украина отколку вооружениот конфликт во Донбас.

Нападот што Русија го подготвува, рече Буданов, ќе биде многу поразорен од што било досега видено во конфликтот што почна во 2014 година, во кој беа убиени околу 14.000 Украинци.

Во изјава за Вашингтопн пост во петокот украинскиот нов министер за одбрана Олексеј Резников вели дека се уште е нејасно дали рускиот претседател се одлучил за напад.

И американското разузнавање ги предупреди европските сојузници на зголемената закана од руска инвазија на Украина со почетокот на зимата, објави американскиот телевизиски канал Си-Би-Ес.

„Инвазијата зависи од временските услови, но може да се случи во рок од неколку недели доколку нема западна интервенција”, изјавија за Си-Би-Ес информирани официјални лица. Изворите забележуваат дека наводното трупање руски војници на границата со Украина неодамна ги надмина претходните слични акции на руските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот