Украинската ПВО собори над 30 руски дронови над Киев

Повеќе од 30 руски дронови беа соборени на периферијата на Киев, а остатоци паднаа во шест станбени области на главниот град на Украина, соопшти денеска градската воена управа.

– Руската армија во текот на ноќта повторно го нападна главниот град на Украина со нападни дронови. Тоа беше голем напад. Непријателските дронови се приближуваа поединечно и во групи. Нападот беше изведен во бранови од различни правци и висини, се вели во соопштението на Воената управа на Киев.

Остатоци од дронови паднале во шест населби. Оштетени се станбени и нестанбени објекти. Пожарите кои биле предизвикани од експлозии брзо биле изгаснати.

Две лица се повредени, но не се во животна опасност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот