Украинската манекенка шокираше со фотографијата од раскрвареното лице: Дел од фановите ѝ пружија поддршка, други ја обвинија дека лаже

Украинската манекенка Дарија Кирилиук ги шокираше своите фанови со фотографиите од раскрвареното лице.

На Инстаграм Дарија објави дека ја претепале луѓето од обезбедувањето на плажата Момо во луксузното турско одморалиште Цесме, а тврдењата ги поткрепи со фотографија.

Не сакам да молчам, сакам да кажам што ми се случи мене, на моето момче и на нашето друштво. Нè нападнаа од озбезбедувањето на плажата Момо. Четири девојки, меѓу кои и јас, нè удираа по лицето, а и момчињата од групата се тешко поврдени. Сите детали ги раскажавме на полицијата. Не смееме да ја свртиме главата пред тоа што се случи и треба да го запреме насилството над жените“, напиша манекенката.

Од управата на плажата одговориле на нејзините обвиненија и тврдат дека друштвото со кое била Дариа се степало со некои луѓе, а од обезбедувањето интервенирале за да ги раздвојат. Украинката вели дека тоа е лага.

Фактот дека не сакаат да ги објават снимките од плажата докажува дека нешто кријат“, рече Дариа.

Многу пријатели на манекенката ѝ пружија поддршка, нагласувајќи дека ѝ веруваат, а други пак ја обвинија дека лаже.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот