Украинска контраофанзива: Притисок на исток и ударна тупаница на југ?

Суми, Украина/ Фото Genya SAVILOV / AFP / Profimedia

Украина во четвртокот ја продолжи исцрпувачката кампања за враќање на територијата во близина на разурнатиот град Бахмут, која е под контрола на Русија,

Украинската армија соопшти дека им нанесла големи загуби на руските сили на јужниот фронт,

Карта на Украина/ Фото Profimedia

Украинските извештаи укажуваат на тешки борби во многу делови од источниот фронт, но нема нови детали за резултатот од тримесечната контраофанзива.

Напредокот на Украина е многу побавен од успехот што го постигна минатата година во враќањето на територијата на североистокот во делот на Херсон.

украински војници украина киев
Украинска армија / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Претседателот Володимир Зеленски и другите официјални лица во Киев ги отфрлија тврдењата на западните критичари кои велат дека тримесечната офанзива е премногу бавна и попречена од стратешки грешки.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили одбиле осум напади на исток во жестоките судири јужно од градот Бахмут.

Портпаролката на украинската министерка за одбрана, Хана Малиар, соопшти дека украинските сили напредуваат во реонот на три села јужно од Бахмут – меѓу кои и Андреевка. Таа првично објави дека Андреевка била ставена под украинска контрола, но подоцна дермантираше бидејќи, како што рече борбите се уште траат.

украинска армија EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Руските сили го зазедоа Бахмут во мај годинава по неколкумесечни борби кои го оставија градот во урнатини. Оттогаш, украинските сили ги напаѓаат руските позиции, особено јужно од Бахмут.

На јужниот фронт, каде што украинските сили се фокусираа на заземање група села во офанзивата кон Азовското Море, руските трупи претрпеа „значителни загуби“ што ги „намалија нивните одбранбени способности“, тврди Киев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот