Украинец од Харков приведен во Охрид, агресивно се однесувал кон гостите и вработените во хотел на кејот

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Ноќеска во 1 часот во СВР Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков-Република Украина, соопшти МВР.

Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости.

Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот