Украинците најавуваат победа над Македонија

Фото: EPA-EFE/Koen van Weel

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз го започна дебитантскиот настап на ЕП, а на ист начин започна и идниот противник на израниците на селекторот Игор Ангеловски, Украина.
Украинците во можеби досега најдобриот натпревар на Евро 2020 се поразени од Холандија со 3:2.
Украинците предводени од селекторот Андриј Шевченко, најавија дека во наредниот период ќе ја анализираат играта на Македонија која покажа дека може да биде незгоден противник.

– Верувам дека ќе бидеме добро расположени за надигрување. Има четири дена до тој натпревар, па ќе видам дали ќе направиме замени. Мора да анализираме кои се нашите проблеми. Ако некој е повреден ќе има замени, имаме квалитетни фудбалери. Ќе ја анализираме играта на Македонија и ќе се подготвиме за натпреварот – изјави Шевченко.

Според еден од најдобрите украински репрезентативци, Олександр Зинченко вели дека победата е императив.
– Направивме многу грешки и тоа не чинеше пораз од Холандија. Сепак, одиме понатаму. Мора да почнеме со следниот меч. Сите знаат дека доколку сакаме да ја поминеме групата мора да освоиме три бода против Македонија, па дури тогаш може да зборуваме за Австрија – рече Зинченко.

Натпреварот меѓу Украина и Македонија ќе се игра в четврток на 17. јуни на Националната арена во Букурешт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот