Украинците велат дека идентификувале десетмина Руси виновни за масакрот во Буча

Масакрот во Буча/ Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Масакрот на цивилите во Буча, кој беше откриен откако руските сили се повлекоа од градот што се наоѓа недалеку од Киев, го шокираше светот. Објавени беа фотографии од масакрирани тела оставени на патот, а голем број очевидци изјавија дека тие биле убиени од руските сили за време на окупацијата.

Украинската главна обвинителка, Ирина Венедиктова, денеска изјави дека нејзиниот тим идентификувал 10 лица за кои верува дека ги извршиле воените злосторства во Буча.

Во еден случај, според Венедиктова, руски војници влегле во дом во кој се криеле цивили и им се заканувале со оружје и ги тепале со пушки.

Таа тврди дека идентификуваните руски војници земале цивили како заложници, не им давале храна и вода и ги мачеле и малтретирале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот