Украинците тврдат дека собориле 26 од 38 руски дронови

Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Русија синоќа ја нападна Украина со 38 беспилотни летала „Шахед“, соопшти денеска украинското воздухопловство, наведувајќи дека биле соборени 26 дронови.

„Регистрирано е дека се испратени 38 беспилотни летала „Шахед““, се вели во дневниот извештај на воздухопловните сили на Телеграм.

Во соопштението се додава дека се уништени 26 беспилотни летала од иранско производство.

Регионот Одеса е меѓу областите кои синоќа беа цел на руските сили, а посебно на мета беше пристаништето Измаил. Нападот траеше два часа, напиша регионалниот гувернер Олег Кипер на Телеграм, додавајќи дека повеќето од беспилотните летала биле соборени.

„За жал, пристанишната инфраструктура беше погодена во областа Измаил“, рече тој, додавајќи дека двајца возачи на камиони се ранети. Според него, оштетени се контролниот пункт, магацини и 30 камиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот