Украинците тврдат дека соборила руски проектил и 29 дронови

Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Украинската команда за противвоздушна одбрана денеска соопшти дека нејзините сили собориле 29 беспилотни летала и проектил Искандер во воздушните напади во текот на ноќта на исток и југ, при што поминале само два дрона.

Беспилотните летала што поминале биле од ирански тип Шахед-136/131, се вели во соопштението. Нема информации за жртви.

Нападите беа во областа Дњепропетровск на исток, каде се оштетени две згради од ракетни остатоци и во регионот на Миколаев во близина на брегот на Црното Море на југ.

Украинските власти исто така известија за обновено гранатирање од руска артилерија.

Од руска страна, гувернерот на Брајанск, Александар Богомаз ги обвини украинските сили дека со касетна муниција го гранатирале селото Климово, кое се наоѓа преку северната граница на Украина. Оштетени се неколку домови, објави Богомаз на Телеграм. Нема информации за повредени.

Киев предвидува зголемување на воздушните напади насочени кон неговата енергетска инфраструктура за претстојната зима. Западните сојузници на Украина се обидуваат да ја зајакнат воздушната одбрана на земјата како одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот