Украинците тврдат дека Русите извршиле нов напад кај Херсон во кој има најмалку еден мртов

Фото Архива на СП

Најмалку едно лице загина, а шестмина, од кои две деца, се повредени во синоќешното руско гранатирање на областа Херсон во јужна Украина.

Гувернерот на Херсонската област, Олександр Прокудин на Телеграм објави дека во изминатите 24 часа руските сили извршиле 71 напад чија цел биле населени области, продавници и медицинска инфраструктура.

Прокудин наведе дека цел на 20 од воздушните и копнените напади бил административниот центар на регионот – градот Херсон.

Украинската новинска агенција Укринформ објави дека двете повредени деца се сестри на возраст од 13 и 12 години, како и нивната мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот