Украинците соборија 20 руски дронови над Киев

Русија синоќа со дронови го нападна Киев, а украинската противвоздушна одбрана пресретна и uништи речиси 20 беспилотни летала.

Тоа е осми руски напад овој месец врз Киев.

Руски беспилотни летала се движеа кон Киев од различни правци и во неколку групи, објави на Телеграм шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко.

Тој додаде дека, според прелиминарните информации, нема жртви или причинета материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот