Украинците со грозно обвинување дека руските војници силувале 5-годишно девојче

Руски војници во Украина /Фото: EPA-EFE/STRINGER

Висок украински функционер денеска изјави дека руски војници силувале петгодишно девојче и 76-годишна Украинка, пренесува британски Скај њуз. Јулија Свириденко, заменик премиер на Украина, рече дека видела голем број признанија од украински девојки и жени кои биле жртви на сексуално насилство за време на војната.

На прашањето како руските војници се однесуваат со Украинките, Свириденко рече: „Ужасно. Зборувавме за жени и деца кои беа силувани. Најмладaта имаше само пет години, а најстарата 76. Ова се ужасни приказни за кои светот треба да знае и треба реагираат“.

„Сакам да ја истакнам важноста на санкциите против Русија и важноста да продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружјето што ни е потребно за да ја завршиме оваа војна со победа. Нашиот народ страда огромно, особено жените и децата. Целиот свет се подготвува за Божиќ, а Украина се подготвува за ново гранатирање, за ракети насочени според нашата електрична мрежа“, додаде таа.

Олена Зеленска, првата дама на Украина, неодамна ги обвини руските сили за „користење на силувањето како оружје“ во војната против Украина. Таа исто така тврди дека „сопругите на руските војници ги охрабруваат своите сопрузи да силуваат Украинки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот